Казната на планината Ајгер
„Казната на планината Ајгер“ (англиски: The Eiger Sanction) — филм на режисерот Клинт Иствуд (Clint Eastwood) од 1975 година. Автори на сценариото се Хал Дреснер (Hal Dresner), Ворен Марфи (Warren Murphy) и Род Витекер (Rod Whitaker), а главните улоги ги играат: Клинт Иствуд, Џорџ Кенеди (George Kennedy), Џек Кесиди (Jack Cassidy) и Вонета Мекги (Vonetta McGee).[1]
Синопсис
уредиЏонатан Хемлок (го игра Иствуд) е поранешен платен убиец кој работел за владата, а сега е посветен на своите предавања и на собирањето слики. Меѓутоа, поранешните работодавачи го прекинуваат неговиот мирен живот и го наговараат да се врати на старата работа. Хемлок се придружува на група истражувачи и оди на планината Ајгер во Швајцарија. Таму, тој мора да открие кој од неговите колеги-планинари е руски шпион, да го убие и потоа да се качи на опасниот врв...