Кавкаскиот заробеник
Кавкаскиот заробеник (руски: «Кавказский пленник» Kavkázskiy plénnik), исто така преведен како Заробеник на Кавказ — наративна поема напишана од Александар Пушкин во 1820–21 и објавено во 1822 година. Посветена на неговиот пријател генералот Николај Раевски, инспирирана е од времето поминато во Пјатигорск за време на Пушкиновиот егзил на југ.[1]
Автор | Александар Пушкин |
---|---|
Изворен наслов | Кавказский пленник |
Земја | Руско Царство |
Јазик | Руски |
Жанр | поема |
Издадена | 1822 |
Таа е од првите во циклусот јужни песни на Пушкин. Започнал да ја пишува на Гурзуф, а ја завршил на 20 февруари 1821 година, во градот Каменка (тогаш имот на Василиј Давидов).
„Кавкаскиот затвореник“, заедно со следната негова поема, „Бахчисарајска чешма“, биле негови најпопуларни дела.
Заплетот се базира на романтичната, страсна љубов, на разочараниот, бунтовен херој (заробен руски офицер) и девојката, претставник на Черкезите, кои биле далеку од расипаната цивилизација, исконски, природни, искрени. Оваа лирска тема е претставена наспроти величествениот предел: убавината на огромниот Кавказ, егзотичниот живот на населението, кавкаската војна.[2]
За огромниот успех на поемата сведочел фактот дека дури и за време на престојот на поетот во јужниот егзил, Дидлот поставил балет во Санкт Петербург[3], каде што главната улога ја имала славната Истомина. Меѓу многуте дела, инспирирани од оваа поема била творбата со исто име од 14-годишниот Лермонтов, во која позајмува цели фрагменти од текстот од оригиналниот извор.[4]
Наводи
уреди- ↑ КАВКАЗСКИЙ ПЛЕННИК
- ↑ „КАВКАЗСКИЙ ПЛЕННИК Повесть“. Архивирано од изворникот на 2021-08-11. Посетено на 2021-08-05.
- ↑ „The Prisoner of the Caucasus“. Архивирано од изворникот на 2021-04-17. Посетено на 2021-08-05.
- ↑ Анализ поэмы «Кавказский пленник» Пушкина[мртва врска]