Кабел (единица)
(Пренасочено од Кабел (мерка))
Кабел — морепловна единица еднаква на една десеттина од морска милја или 100 фата (понекаде 120 фата). Името го добила по должината на јажето (наречено „кабел“) на бродската котва во времето на големите географски откритија. Дефиницијата се разликува од систем до систем:
- меѓународно: 1⁄10 морска милја или 185,2 м
- британски (адмиралштапски): 1⁄10 адмиралштапска милја (185,2 м) или 101 фат
- традиционалниот британски сажен („фатом“) се движел од 5½ стапки до 7 стапки во трговската морнарица.
- американски (военоморнарички): 120 фата (720 стапки или 219,456 м)
Наводи
уреди- Fenna, Donald (2002), „cable, cable length, cable's length“, A Dictionary of Weights, Measures, and Units, Oxford: University Press, ISBN 0198605226. Воедно и "fathom", од истото дело.
- Поморски изрази: Cable – Curry, Кралска британска морнарица, Архивирано од изворникот на 2008-07-07, Посетено на февруари 2011 Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link) (англиски).