Кабел од категорија 5

Кабел од категорија 5кабел со усучени парици со висок интегиртет на сигналот. Овој кабел се употребува во структурно каблирање за компјутерските мрежи како што се Ethernet и ATM, исто така се употребува за носење на други различни типови на сигнал како што е телефонскиот и видео сигналот. Повеќето кабли од Категорија 5 се без заштита, па така за одбивање на шумот се потпираат на вкрстен пар дизајнот. Категорија 5 е заменет со Категорија 5е.

Категорија 5 кабел

Стандарди на кабелот

уреди
 
Позиција на пиновите кај 8P8C модуларен приклучок

Спецификациите за Категорија 5 кабелот се дефинирани во ANSI/TIA/EIA-568-A, со појаснување во TSB-95. Овие документи ги наведуваат одликите, перформансите и тест побарувањата за бризни до 100 MHz.
Категорија 5 кабелот[1] не е лимитиран до 4 пара. Backbone апликациите вклучувааѕ употреба до 100 пара, како што е забележано во ANSI/TIA/EIA-568-B-2 стандардот за backbone апликации. Употребата на балансирани линии помага во зачувувањето на високиот однос сигнал-шум и покрај пречките од надворешни извори.
Најчесто е употребуван за 100 Mbit/s мрежи, како што е 100BASE-TX Ethernet, иако IEEE 802.3ab определува стандарди за 1000BASE-T – Gigabit Ethernet преку категорија 5 кабел. Секој од четирите пара во Cat 5 кабелот имаат различен прецизен борј на вкрстувања по метар основани на прост број за да се минимизираат вкрстените сигнали помеѓу париците. Во просек има 6 вкрстувања на 5 сантиметри. Париците се направени од 24AWG (Американски калибар за кабел) бакарни жици внатре во кабелот.

Конектори и други информации

уреди

Кабелот постои во две форми на проводникот, насукан и цврста форма. Насуканта форма е по флексибилна и поднесува повеќе прекршувања без да се прекине.
Типовите на кабел, типовите на конектори и топлогиите на каблите се дрфинирани од TIA/EIA-568-B. Скоро секогаш кај категорија 5 кабелот се користат 8P8C модуларните конектори, кои често погрешно се нарекуваат "RJ-45".
Кабелот е изведен или во T568A или T568B шема. Канада и Австралија го употребуваат T568А стандардот, а САД најчесто T568B шемата. Каква шема ќе употребуваме не прави разлика сè додека се употребува само еден од стандардите така што сите поврзувања во твојата локација се исти за да се избегнат збунувања или некои потенцијални проблеми. Помешани типови на кабли не треба да се поврзуваат во серија бидејќи импедансата по секој пар се разликува и може да дојде до деградација на сигналот.
10BASE-T (IEEE) и 100BASE-TX (IEEE) Ethernet врските побаруваат два пара на кабли. 1000BASE-T (IEEE) и 1000BASE-TX Ethernet врските побаруваат 4 пара на кабли.

TIA/EIA-568-B.1-2001 T568B Wiring[2]

Пин Пар Жица Боја
1 2 1   Бела / портокалова
2 2 2   Портокалова
3 3 1   Бела / зелена
4 1 2   Сина
5 1 1   Бела / сина
6 3 2   Зелена
7 4 1   Бела / кафена
8 4 2   Кафена

TIA/EIA-568-A.1-2001 T568A Wiring

Пин Пар Жица Боја
1 3 1   Бела / зелена
2 3 2   Зелена
3 2 1   Бела / портокалова
4 1 2   Сина
5 1 1   Бела / сина
6 2 2   Портокалова
7 4 1   Бела / кафена
8 4 2   Кафена

Полупречник на свиткуввање

уреди
 
Делумно оголен кабел кои ги покажува усучените парици

Повеќето Cat5 кабли можат да бидат свиткани приближно 4 пати од пречникот на кабелот. [3]

Максимална должина на сегментот на кабелот

уреди

Според стандардот ANSI/TIA/EIA за категорија 5 кабелот,(TIA/EIA 568-5-A [4]) максималната должина на кабелот е 100 метри. Ако има побарување за поголеми должини, употребата на активен хардвер како повторувачи или преклопувачи е неопходна.

Особености

уреди
Својство Номинална вредност Толеранција Единица
Карактеристична импеданса при 100Mhz 100 ±15 Ω
Номинална карактеристична импеданса при 100Mhz 100 ±5 Ω
Отпор на DC Loop ≤ 0.188 Ω/m
Брзина на пропагација 0.64 c
Врене на пропагација 4.80-5.30 ns/m
Електричен капацитет при 800 Hz 52 pF/m
Индуктивност 525 nH/m
Честота на исклучување 50323 Hz
Максимално оптоварување при инсталација 100 N
Величина на жица AWG-24 (0.205 mm²)
Дебелина на изолатор 0.245 mm
Максимален тек по проводник 0.577 A
Оперативна температура -55 to +60 °C

Поединечна должина на вкрстувањата

уреди

Со менување на должината на секое вкрстување, вкрстувањето на сигнали се намалува, без да влијае на карактеристичната импеданса. [5]

Боја на парот [cm] по свиткување свиткувања по [m]
Зелена 1.53 65.2
Сина 1.54 64.8
Портокалова 1.78 56.2
Кафена 1.94 51.7

Друга употреба

уреди

Иако дизајнирани за Ethernet податочна трансмисија, CAT5 кабелот исто така се употребува и за аналогни сигнали: како балансиран аудио кабел и кабел за пренос на видео сигнали (CCTV).

Наводи

уреди
  1. "Category 5 - TIA's Glossary of Telecommunication Terms". Архивирано од изворникот на 2011-06-11. Посетено на 2011-01-14.
  2. "ANSI/TIA/EIA-568-B.1-2001 Approved: April 12, 2001 ; Commercial Building Telecommunications Cabling Standard Part 1: General Requirements" (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-08. Посетено на 2011-01-14.
  3. "Selecting coax and twisted-pair cable - Electronic Products". Архивирано од изворникот на 2013-11-05. Посетено на 2011-01-14.
  4. "The Evolution of Copper Cabling Systems from Cat5 to Cat5e to Cat6" (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-03-14. Посетено на 2011-01-14.
  5. "Transmission Line Zo"