Источен Остров (Крозе)


Источен Остров (француски: Île de l'Est) е ненаселен остров во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Овој остров има вкупна површина од 130 км2 и е втор најголем остров во архипелагот. Административно, островот е дел од Француските Јужни и Антарктички Земји.

Источен Остров
Карта на островот на француски.
Географија
Координати46°25′S 52°12′E / 46.417° ЈГШ; 52.200° ИГД / -46.417; 52.200
АрхипелагКрозеови Острови
Површина130 км2
Должина18 км
Ширина8 км
Највисоко место1.090 м
Највисока точкаМон Марион-Дифресне
Држава
Демографија
Население0

Географија

уреди

Како што укажува и самото име, островот е најисточен во архипелагот. Островот е на 20 километри источно од Посесион. Островот е воглавно составен од гол карпести предел. Овој остров е најпланински од сите во архипелагот и највисока точка е 1090 метри надморска висина. Брегот е составен од високи сртови. На неколку места има стрмни долини од ледничко потекло. Неавтохтона биота на островот се само зајаците. Нема конструкции направени од човекот и понекогаш е посетен од истражувачи.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International. (2012). Important Bird Areas factsheet: Île de l'Est. Downloaded from http://www.birdlife.org on 2012-01-09.

46°25′S 52°12′E / 46.417° ЈГШ; 52.200° ИГД / -46.417; 52.200