Историја на маркетинг
Науката за историјата на маркетингот, како дисциплина, е значајна бидејќи помага да се дефинираат основите врз кои може да се препознаат промените и да се разбере како дисциплината се развива како одговор на тие промени.[1] Практиката на маркетинг е позната со милениуми, но терминот „маркетинг“ што се користи за да се опишат комерцијални активности за купување и продавање на производи или услуги, се појави во популарна употреба кон крајот на XIX век.[2] Студијата за историјата на маркетингот како академско поле се појави во почетокот на дваесеттиот век.[3]
Маркетерите имаат тенденција да прават разлика помеѓу историјата за пракса на маркетинг и историјата за идеите на маркетинг:
- историјата за пракса на маркетинг се однесува на истрага за начините на кои се практикува маркетингот; и како тие практики еволуирале со текот на времето, како одговор на промените на социо-економските услови
- историјата за идеите на маркетинг се однесува на испитување на начините на кои се проучувал и предавал маркетингот
Иако историјата на маркетинг-идејата и историјата на маркетинг-праксата се различни области на студии, тие се сечат на различни периоди.[4] Маркетинг практичарите се вклучуваат во иновативни пракси кои го привлекуваат вниманието на маркетинг научниците кои ги кодифицираат и шират ваквите практики. Во исто време, академиците за маркетинг често развиваат нови истражувачки методи или теории кои последователно ги усвојуваат практичарите. Така, случувањата во теоријата на маркетингот ја информираат маркетинг практиката и обратно. Историјата на маркетингот ќе остане нецелосна доколку некој ги раздели академските институции од практичарите.
Наводи
уреди- ↑ Jones, Brian D. G.; Shaw, Eric H. (2006). „A History of Marketing Thought“. Handbook of Marketing. Weitz, Barton A.; Wensley, Robin (editors). Sage. стр. 582 pages. ISBN 978-1-4129-2120-6.
- ↑ English Language and Usage, http://english.stackexchange.com/questions/335201/etymology-of-marketing-how-when-did-it-change-meaning
- ↑ Brian Jones, D.G. and Shaw, E.H, "The History of Marketing Thought," in Handbook of Marketing, Weitz, R. and Wensley, R. (уредници), London, UK, 2003, стр. 50
- ↑ Hollander, Stanley C.; Rassuli, Kathleen M.; Jones, D. G. Brian; Dix, Laura Farlow (2005). „Periodization in Marketing History“. Journal of Macromarketing. 25 (1): 32–41. doi:10.1177/0276146705274982.