Исландска шумска служба

Исландската шумска служба (исландски: Skógræktin) ― подреден владин орган на Министерството за животна средина и природни ресурси на Владата на Исланд. Оваа владина установа работи не само со и за владата, туку и за јавноста и другите заинтересирани страни. Главните теми се развој на истражување, советничка работа и ширење на знаење и изучување во рамките на исландскиот шумски сектор. Понатаму, службата делува како претставничко тело на Исланд за меѓународна соработка поврзана со шумите. Директор на службата заклучно со 2016 година е г-дин Тростур Ејстерсон. Исландското истражување на шумите - Могилса (исландски: Mógilsá, rannsóknasvið Skógræktarinnar) е истражувачко одделение на исландската шумска служба со седиште сместено во Могилса, во близина на Рејкјавик. Шефот на истражувањето е г-ѓа Еда Сигурдис Одсдотир.

Повеќе од еден век, службата има две главни обврски, едната е заштита и проширување на преостанатите природни дрвја во земјата, а другата извршува проекти за пошумување низ целата земја заради комерцијално шумарство. Проектите за пошумување се спроведени на земјиштето на службата на различни места во Исланд. Понатаму, пошумувањето на фармите поддржано од државата во последните децении прераснало во главен канал за активност на пошумување на Исланд. Во рамките на исландската шема за грантови за пошумување на фарми, се склучуваат договори со земјопоседници, се подготвуваат планови за пошумување за секоја фарма што учествуваат, се координираат производството и распределувањето на расад, се обезбедуваат услуги за образование и проширување и се дистрибуираат грантови. Државното финансирање на грантовите за пошумување на фарми достигнало максимум во текот на 2005-2009 година, но претрпело сериозни кратења по финансискиот колапс во 2008 година. Садењето сега повторно расте, по една деценија стагнација. Во последниве години, со сè појасни знаци на глобално затоплување, одземањето на јаглерод станало еден од најважните двигатели на новите проекти за пошумување на Исланд.

Исланд бил скоро целосно лишен од дрвја, дрвјата кои биле исечени уште од времето на Викинзите, кога Исланд имал покривност со шума до 40%.[1] Шумската служба има програма за охрабрување на луѓето да растат дрвја на Исланд,[2] засадувајќи милиони садници секоја година.[3] Исланд во моментов има околу 2% шумска покривка.[4]

Наводи

уреди
  1. „Iceland is replanting its forests 1,000 years after vikings razed them“. Посетено на 18 април 2021.
  2. „Vikings Razed the Forests. Can Iceland Regrow Them?“ (англиски). Посетено на 18 април 2021.
  3. „After 1,000 Years, Iceland Is Growing Forests Again | Science Trends“. Science Trends. 12 јануари 2018. Посетено на 18 април 2021.
  4. Foundation, Thomson Reuters. „Spades, saplings and sheep: Iceland battles to restore long-lost forests“. news.trust.org. Посетено на 18 април 2021.

Надворешни врски

уреди