Исидор Пелусиот — православен светец, еден од големите пустиножители кои ги слави православната црква.

Исидор Пелусиот
светец
Починал(а) 449
Почитуван(а) во *Православие
Слава 4 февруари

Животопис

уреди

Свети Исидор се родил во Египет, во семејство на богати родители и роднина на александриските патријарси Теофил Александриски и Кирил Александриски, што му овозможило да стекне добро образование. Проучувајќи ги сите светски науки, тој се одрекол од богатството и светската слава и целиот се предал на духовен живот во еден манастир, подоцна се повлекол во едно пусто место во близината на градот Пелусија, во Египет. Бил голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, Свети Исидор напишал преку десет илјади писма на разни лица. „Поважно e да се поучуваме на добродетелен живот отколку на красноречиво проповедање“, напишал тој во едно писмо. Во времето на гонењето на Свети Јован Златоуст, Свети Исидор застанал на страната од Златоуст. Тој му пишувал на патријархот Теофил какво големо светило на Црквата e Златоуст и го молел да ја остави омразата спрема него. Починал кон средината на 5 век, најверојатно во 449 година.[1][2]

Православната црква неговиот ден го чествува на 4 февруари.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 48
  2. „Верски календар“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 24.