Меѓународното друштво за порозни материјали (познато и како Интерпор) е меѓународна, независна и непрофитна научна организација за истражувачи во полето на порозните материјали и сродните дисциплини. Друштвото е основано во 2008 година од страна на група научници од Германија, Норвешка, Соединетите Американски Држави, Франција и Холандија[1][2]. Денес членовите на Интерпор потекнуваат од сите континенти, освен Антарктикот. Друштвото организира годишна научна конференција на различна локација секоја година. На конференцијата присуствуваат околу илјада учесници-истражувачи од академскиот, владиниот и приватниот сектор. Домаќин на четиринаесетата годишна научна конференција (Интерпор 2022) ќе биде Кинескиот нафтен универзитет (источна Кина) во Ќингдао, Кина[3].

Наводи

уреди
  1. PresseBox (c) 2002-2021 (2021-06-01). „Auszeichnung für langjähriges Engagement, Fraunhofer-Institut für Techno- und Wirtschaftsmathematik ITWM, Pressemitteilung - PresseBox“. www.pressebox.de (германски). Посетено на 2021-06-05.
  2. „Founding Members – InterPore“ (англиски). Посетено на 2021-06-05.
  3. „InterPore2022 (30 May 2022 - 2 June 2022): Home · InterPore Event Management (Indico)“. InterPore Event Management (Indico). Посетено на 2021-06-05.