Интегрирани студии за времето и општеството
Интегрираните студии за времето и општеството (ИСВО) е меѓународно движење кое работи за интегрирање на општествените науки во метеоролошките истражувања и практиката. ИСВО е формиран за да изгради интердисциплинарна заедница на практичари, истражувачи и носители на одлуки кои соработуваат за ефективно да разберат како да се подобрат временските предупредувања, да се вклучат општествените влијанија во временските прогнози и да се користат алатки и методи од општествените науки. [1]
ИСВО има 276 претставници од САД, Канада, Кина, Франција, Германија, Австралија, Нов Зеланд, Финска, Холандија и бројни карипски земји. ИСВО членовите доаѓаат од различни метеоролошката области, односно луѓе што се занимаваат со метеорологија, управување со вонредни состојби, хидрологија, географија, климатологија, психологија, социологија, економија, екологија, образование и антропологија.
Историја
уредиИСВО е основана во 2005 година во Националниот центар за атмосферски истражувања (НЦАИ) кој се наоѓа во Боулдер, Колорадо . ИСВО е основана од д-р Ева Грантфест Архивирано на 29 август 2013 г., географ при Универзитетот во Колорадо во Колорадо Спрингс и Џули Демут, атмосферски научник во НЦАИ, како дел од Програмата за општествени влијанија . Д-р Грунтфест била инспирирана од коментарите на физичките научници што ги запознала за време на нејзината кариера, кои биле заинтересирани за интегрирање на метеорологијата и општествените науки, но не биле сигурни како да ја завршат работата и не познавале никој друг вклучен во истражувањето или практиката на општествените влијанија.
ИСВО добил поддршка од американската програма за истражување на времето, Националната администрација за океани и атмосфера, Програмата за општествени влијанија на НЦАИ, Универзитетот во Колорадо во Колорадо Спрингс и Институтот за проучување на општеството и животната средина Архивирано на 8 ноември 2022 г. на НЦАИ. Дополнителна поддршка за работилницата дошла и од Универзитетот во Оклахома, Институтот за одржливост на Универзитетот Монаш, Мрежата ARC за наука на системот на Земјата Архивирано на 8 април 2022 г., Австралиското биро за метеорологија и Управувањето со итни случаи Австралија .
Наводи
уредиДополнително
уреди- Barnes, L. R., E. C. Gruntfest, M, H. Hayden, D. M. Schultz, and C. Benight, 2007: False alarms and close calls: A conceptual model of warning accuracy. Weather Forecast., 22, 1140-1147.
- Demuth, J.L., E.C. Gruntfest, R.E. Morss, S. Drobot and J.K. Lazo, 2007: WAS*IS: Building a Community for Integrating Meteorology and Social Science. Bull. Amer. Met.Soc., 88(11), 1729–1737.
- Gladwin, H., J.K. Lazo, B.H. Morrow, W.G. Peacock, and H.E. Willoughby. 2007: Social Science Research Needs for the Hurricane Forecast and Warning System. Natural Hazards Rev., 8(3), 87-95. Архивирано на 20 јули 2013 г.
- League, C.E., W.Diaz, B. Philips, E.J. Bass, K. Kloesel and A. Gessner. 2010: Emergency manager decision-making and tornado warning communication. Meteorological Applications, 17(2), 163-172.
Надворешни врски
уреди- Веб-страница на WAS*IS Архивирано на 29 август 2022 г.
- д-р Ева Грунтфест Архивирано на 29 август 2013 г.