Институт за историја и археологија

Историја

уреди

Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев" (во продолжение ИНИСА) е формиран на 10.09.2008 година со Одлука на Сенатот на УГД. Во моментов ИНИСА е сместен во просториите на Универзитетската библиотека. Функцијата раководител на ИНИСА од основањето до денес ја извршува проф. д-р Кирил Цацков, а функцијата референт во ИНИСА ја извршува м-р Александар Донски[1].

За ИНИСА

уреди

Институтот за историја и археологија (ИНИСА) има за цел да врши научна, истражувачка, образовна и апликативна работа од областа на историјата и археологијата на Македонија и да ги презентира резултатите пред научните институции и сите заинтересирани субјекти за историските и археолошките вистини, како во нашата држава, така и надвор од неа. Својата активност ИНИСА ќе ја реализира преку истражувачки проекти, истражувања од областа на политичките, економските, културно-просветните и духовните вредности на македонскиот народ и на припадниците на сите етникуми во Македонија како заедничка татковина. ИНИСА се залага и за промовирање на мулти-културата на овие простори. ИНИСА исто така го развива и критичкото мислење, како и формирањето на етичките, естетските, патриотските и моралните вредности и развивањето на чувство за припадност кон својата држава. За резултатите и плановите поврзани со активностите на ИНИСА јавноста ќе биде запознавана преку: книги, соопштенија, прес-конференции, интернет и други облици на комуницирање со јавноста[2].

Активности

уреди

Дел од активностите со кои се истакнува ИНИСА се: проекти, радио емисии и зборници[3]. ИНИСА издава и меѓународно научно списание Преглед на Институтот за историја и археологија (РИХА).

За РИХА

уреди

Меѓународното научно списание Преглед на институтот за историја и археологија (Review of the Institute of History and Archaeology – RIHA) ја прослави првата деценија од своето постоење во 2020 година. Првиот број на списанието под името Годишен зборник е издаден во 2010 година.[4] Списанието издава научни трудови и рецензии на македонски и англиски јазик од областите: историја, археологија, класични студии, етнологија, антропологија и музеологија.

Меѓународниот уредувачки одбор на списанието е формиран во 2016 година, а главен и одговорен уредник на РИХА е проф. д-р Љубен Тевдовски.[5]

Наводи

уреди
  1. „Официјална страница на ИНИСА – „За ИНИСА". Архивирано од изворникот на 2010-10-09. Посетено на 2013-03-28.
  2. „Официјална страница на ИНИСА – „Цели и задачи". Архивирано од изворникот на 2011-05-21. Посетено на 2013-03-28.
  3. „Официјална страница на ИНИСА“. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 2013-03-28.
  4. https://js.ugd.edu.mk/index.php/riha/issue/view/3
  5. https://js.ugd.edu.mk/index.php/riha/about

Надворешни врски

уреди