Индексен фонд (англиски: Index Fund) — инвестициски фонд чии средства се инвестирани во берзански индекс.

Опис

уреди

Индексните фондови се појавиле како резултат на бројните емпириски докази дека инвестициските фондови не можат да го „победат“ пазарот на капитал, т.е. дека тие остваруваат понизок принос во споредба со пазарот. Првиот отворен индексен фонд се појавил на 31 декември 1975 година, управуван од Џон Богл (John Bogle), и тој го следел берзанскиот индекс S&P 500. Овој фонд започнал со средства во вредност од 11 милиони долари, но подоцна привлекол големо внимание кај инвеститорите и бил наречен Vanguard 500 Index Fund, а во 1999 година тој управувал со средства во вредност од 100 милијарди долари. Индексните фондови применуваат пасивна стратегија на инвестирање, односно се обидуваат да го пресликаат некој пазарен индекс (на пример, НАСДАК) или пак некој меѓународен индекс (на пример, Morgan Stanley Capital International, MSCI).[1] [2]

Наводи

уреди
  1. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 405.
  2. John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 73.