Имуноглобулински домен

Имуноглобулинскиот домен е тип на белковински домен кој се состои од двослоен сендвич од 7-9 антипаралелни β-нишки распоредени во две β-плочи со топологија на грчки клуч,[1][2] а се состои од околу 125 аминокиселински остатоци.

Имуноглобулински домен
Структура на антиген-врзувачки фрагмент на антитело
Назнаки
Симболig
PfamPF00047
Pfam-кланCL0011
InterProIPR013151
PROSITEPDOC00262
SCOP8fab
SUPERFAMILY8fab
OPM-суперсемејство193
OPM-белковина5f71
CDDcd00096

Полипептидниот ’рбет постојано се префрла од едната во другата β-плоча. Најчесто, шемата на склопувањето е следна: (N-терминална β-нишка во плоча 1)-(β-шнола во плоча 2)-(β-нишка во плоча 1)-(C-терминална β-шнола во плоча 2). Префрлањето од една во друга бета-плоча дава форма на „X“, така што N- и C-терминалните шноли се свртени една кон друга.

Членовите на имуноглобулинското натсемејство се наоѓаат во стотици белковини со различни функции. Тука се вклучени антителата, џиновската мускулна белковина титин и рецептор тирозинските кинази. Имуноглобулин-сличните домени можат да бидат вклучени во белковина–белковина и белковина–лиганд интеракции.[3]

Примери

уреди

Човечки гени кои кодираат белковини кои го содржат имуноглобулинскиот домен се:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The immunoglobulin fold. Structural classification, sequence patterns and common core“. J. Mol. Biol. 242 (4): 309–20. September 1994. doi:10.1006/jmbi.1994.1582. PMID 7932691.
  2. „Cell adhesion molecules 1: immunoglobulin superfamily“. Protein Profile. 2 (9): 963–1108. 1995. PMID 8574878.
  3. „The immunoglobulin superfamily—domains for cell surface recognition“. Annu. Rev. Immunol. 6: 381–405. 1988. doi:10.1146/annurev.iy.06.040188.002121. PMID 3289571.

Надворешни врски

уреди