Икбал (османлиски јазик: اقبال) — титула која била доделувана на придружничките на султанот на Отоманското Царство, и хиерархиски тие се наоѓале под кадин, кои биле официјални сопруги на султанот[1][2][3]. Султаните обично имале три, четири и шест икбали. Тие биле жени издвојувани како омилени придружнички на султанот, и биле во линијата на промоција во ранг на кадин, по смртта или разводот на една од вторите. Икбалите понекогаш станувале мајки на султанските деца.

Наводи

уреди
  1. Kadın efendiler: 1839-1924, by Harun Açba
  2. Öztuna, Yilmaz, "Deletler ve Hanedanler", Vol: 2, Ministry of Culture Publications, London (1996), s.924
  3. Saray hatıralarım, by Safiye Ünüvar