Излегување од НАТО
Излегувањето од Организација на Северноатлантскиот договор (НАТО) е правен и политички процес со кој членка на Северноатлантската алијанса се повлекува од Северноатлантскиот договор, а со тоа таа земја престанува да биде членка на НАТО. Формалниот процес е наведен во членот 13 од Договорот.[1] Тоа значи дека секоја земја што сака да ја напушти организацијата мора да испрати допис до САД (како држава депозитар), кој потоа ќе биде проследен до другите Сојузници. После период од една година на чекање, државата би била надвор од НАТО.
До сега ниту една земја-членка не го укинала своето членство, иако тоа било разгледувано од некои земји.
Наводи
уреди- ↑ „The North Atlantic Treaty, Washington D.C. - 4 April 1949“. NATO. 2019-06-14.