ИгНобелова награда
(Пренасочено од Иг Нобелова награда)
Иг Нобеловата награда претставува пародија на Нобеловата награда и им се доделува секоја година во почетокот на октомври на десет научни достигнувања кои најпрво ги тераат луѓето на смеа, а потоа и на размислување. Организирана е од страна списанието Annals of Improbable Research (Аналите на неверојатните истражувања) кое се занимава со научен хумор. Наградите се доделуваат од страна на група која вклучува и вистински лауреати на Нобеловата награда на церемонија која се одржува во Сандерс театарот на Универзитетот Харвард.
Првите Иг Нобелови награди биле доделени во 1991 година.