Иван Кипров Пашоски (1924 во Велмеј, Охридско — 22 септември 1944 во Србица, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис уреди

Иван Кипров Пашоски е роден во селото Велмеј. Се занимавал со земјоделство. Активно и организирано работи за движењето на отпорот од втората половина на 1943 година.  Во НОБ стапува на 28 август 1944 година. Како борец на Шестата македонска бригада, загинува во борбата против балистите кај селото Србица, на 22 септември 1944 година.[1]

Наводи уреди

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)