Иван Иванов (пејач роден во 2000 година)

За пејачот роден во 1981 година, видете Иван Иванов (пејач роден во 1981 година)

Иван Иванов
Жанр(ови)поп-рок
Инструментивокал
Години на активност2009–до сега

Иван Иванов (роден на 7 април 2000 година) е познат бугарски детски пејач и текстописец.

Ран живот уреди

Иван Иванов е роден на 7 април 2000 година во Горна Орјаховица, мало гратче во североисточна Бугарија. Иванов првпат се заинтересирал за музика кога имал 7 години, но започнал да пее на 8-годишна возраст.

Музичка кариера уреди

Неговиот прв сингл „Кураж“ (Храброст) бил објавен во јуни 2009 година, во кој тој се прославил.

Тој го издал својот прв „полнолетен“ сингл (неговиот втор првичен хит сингл) во јануари 2010 година, насловен како „По-трудно“ (Потешко).

Тој го издал својот трет сингл „Това не е така“ (Тоа не е така) во август 2010 година.

Иванов ја претставил Бугарија на Детската Евровизија 2011 во Ереван, Ерменија на 3 декември со својата песна „Супергерой“ (Суперхерој), пласирајќи се на 8-то место со вкупно 60 бода.[1]

Тој го коментирал преносот во живо на Детската Евровизија 2015 на „JuniorEurovision.tv“ заедно со уредникот на мрежната страница, Лук Фишер.

Дискографија уреди

Синглови уреди

Година Наслов Македонски превод Албум
2009 „Кураж“ Храброст Не-албумски синглови
2010 „По-трудно“ Потешко
„Това не е така“ Тоа не е така
2011 „Супергерой“ Суперхерој
2013 „Аз съм влюбен“ Јас сум заљубен
„Наопаки“ Наопаку
„Разбирам“ Разбирам
„Глава игри“ Глава игри

Наводи уреди

  1. „Junior Eurovision Song Contest 2011“.

Надворешни врски уреди