Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

ИТ Центарот при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го планира, имплементира и одржува информатичкиот систем и компјутерската мрежа на Универзитетот, електронската пошта, системот за најавување и регистрирање на вработените и студентите, порталот и заштитата и складирањето на сите податоци. Мисијата на ИТ Центарот е да се обезбеди брза и ефикасна работа, односно комуникација на секој кој е инволвиран во Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Визијата на Центарот е да се создаде еден интегриран универзитет во кој технологијата и информациите ќе бидат на највисоко ниво. Од создавањето до денес оваа визија која беше предвидена во најголем дел е остварена. Со тоа ИТ Центарот се ближи кон остварување на својата цел - успешна и брза работа на Универзитетот како целина.[1]

Организација и структура

уреди

Во склоп на овој центар се формирани повеќе оддели: Оддел за одржување на софтвер, оддел за одржување на хардвер и мрежи како и оддел за ИТ сервисирање на вработени и студенти (токени, картици, сертификати, легитимации и сл.)[2]

Активности

уреди

Во текот на изминативе години, ИТ Центарот присуствуваше и учествување на голем број конференции, конкурси, саеми и други собири поврзани со ИТ технологијата. Меѓу нив се издвојуваат конференциите на Мајкрософт, Визија 7, како и видео конференциите кои преку мрежниот систем на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип овозможуваат предавања од реномирани светски универзитети и институции.[3]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „ИТ Центар“. it.ugd.edu.mk. Посетено на 2021-02-08.
  2. Официјална страница на ИТ центар -http://it.ugd.edu.mk/
  3. „ИТ Центар“. it.ugd.edu.mk. Посетено на 2021-02-08.