Зрно (сончева физика)

(Пренасочено од Зрновитост (астрономија))

Зрно (гранула) — образба во фотосферата на Сонцето пердизвикана од струи (термики, Бенарови клетки) од плазма во рамките на неговиот струевит слој. Зрнестиот изглед на фотосферата се создава во горниот дел на овие струевити клетки и се нарекува зрновитост (гранулација).

Подробен поглед на сончева дамка и околната сончева површина. густата шара на клетките (неврзани со дамката) е зрновитоста; поединечните клетки се зрната.
Поблизок поглед на зрната и Северна Америка за големинска споредба.

Искачувачкиот дел на зрната се наоѓа во средиштето каде плазмата е најврела. Надворешниот раб на зрната е потемен поради постудената плазма која се спушта. Покрај видливиот изглед, кој се должи на струевито движење, измереното Доплерово поместување на светлината од поединечни зрна сведочи за струевитата природа на зрната.

Типичното зрно има пречник од 1.500 километри[1] и трае 8 до 20 минути пред да се растури.[2] Сонцето во секое време е покриено со 4 милиони зрна. Под фотосферата се наоѓа слој од „суперзрна“ со пречник до 30.000 километри и траење од 24 часа.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Zirker, J. B. (2003). Sunquakes. Johns Hopkins University Press. стр. 2.
  2. Bahng, J.; Schwarzschild, M. (12 April 1961). „Lifetime of Solar Granules“ (PDF). The Astrophysical Journal. 134: 312. Bibcode:1961ApJ...134..312B. doi:10.1086/147160. Посетено на 13 January 2016.

Надворешни врски

уреди