Зографска кула
Зографска кула (грчки: Πύργος Ζωγράφου) — византиска кула кај селото Метох Зограф (Зографу), Касандриско, Егејска Македонија. Служела за одбрана на метохот (месниот имот) на Зографскиот манастир од Света Гора. Не се знае кога точно е подигната, но веројатно по 1325 г. Според некои извори, таа е изградена во XIV,[1] а според други на крајот од XV век.[2] Во 1465 г. веќе била оштетена и не е обновена сè до крајот на XVI век (пред 1568 г.), кога повторно се појавува во изворите. Во 1597 г. метохот е уништен и кулата повторно се споменува дури во 1869 г. Во 1922 г. Зографската кула им е доделена на грчки дојденци од Кападокија. Во 1996 г. Десеттата ефорија за византиски старини направила реконструкција на градбата.
Πύργος Ζωγράφου | |
Место | Метох Зограф, Касандриско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°17′14″N 23°15′14″E / 40.2872° СГШ; 23.2539° ИГД |
Вид | тврдина |
Висина | 12 м |
Историја | |
Изграденo | XIV - XV век |
Кулата правоаголна градба со димензии 10 × 9,30 м, има три ката и висока е околу 12 метри.[3]
Наводи
уреди- ↑ Chalkidiki and Mount Athos. Athens: Michael Toubis Publications SA. 2006. стр. 55. ISBN 960-540694-4 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ „архивски примерок“. ΟΔΥΣΣΕΑΣ - Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού της Ελλάδας. Архивирано од изворникот на 2016-04-08. Посетено на 2023-03-06.
- ↑ „ΑΠΟΚΑΘΙΣΤΑΤΑΙ Ο ΠΥΡΓΟΣ ΣΤΟ ΖΩΓΡΑΦΟΥ“. halkidikinews.gr. 10 ноември 2011. Посетено на 12 октомври 2013.