Змиевска балка (руски: Змиёвская балка, Змијовскаја балка) — место во Ростов на Дон, Русија на кое 27 000 Евреи и Советски цивили биле масакрирани помеѓу 1942 и 1943 година од стана на Ајнцацгрупе Д на СС за време на холокаустот во Русија. Се смета дека е најголемото место за масовни убиства на Евреи на руска територија за време на Втората светска војна. Името значи „провалија на змиите“.

Воени настани

уреди

За време на операцијата „Барбароса“, германската инвазија на Русија, трупите на Вермахтот го окупирале Ростов на Дон на 21 ноември 1941 година и го држеле градот осум дена додека Црвената армија не го повратила градот. Вермахтот повтороно го окупирал градот на 23 јули 1942 година и беше придружуван од Ајнсацкомандо 10а, командуван од Хајнрих Зитцен. Ајнтцкомандо и Тајната теренска политика првично уапсиле околу 700 луѓе на основа на тоа дека тие биле советски „партизани и партиски функционери“ и егзекутирале околу 400 до 2 август 1942 година.[1]

Иако многу Евреи избегале од Ростов кога градот бил под контрола на Црвената армија, останале околу 2000 и Ајнсацкомандо започнал да ги регистрира, барајќи да се соберат на собирни пунктови на 11 август 1942 година. Помеѓу 11 август и 13 август, еврејските мажи од Ростов биле однесени кон Змиевска Балка, провалија надвор од градот, каде што биле застрелани од Ајнсацкомандо. Жените, децата и старите лица биле отруени со гас во камиони, а нивните тела беа закопани во истата провалија. [1][2][3]

По првичните масакри, до февруари 1943 година, СС продолжиле да носат илјадници Евреи да бидат убиени во Змиевска клисура. До тогаш помеѓу 15000 и 1 000 евреи биле убиени во масовни стрелања.[1]

Комунисти и војници на Црвената армија исто така беа убиени и погребани таму, заедно со нивните семејства. Меѓу убиените во Змиевска балка беше и пионерската психолог Сабина Спилрајн.[4]

Одбележување

уреди

На 9 мај 1975 година, градската администрација на Ростов на Дон го претставила споменикот на Змиевската клисура, во знак на сеќавање на масовните убиства извршени од германските нацистички сили во провалијата.[1]

Споменикот станал место на годишни меморијални церемонии.[5]

Забележителни жртви

уреди
  • Сабина Спилрајн, истакнат ран советски психоаналитичар

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Zmievskaya Balka Memorial“. Information Portal to European Sites of Remembrance. Stiftung Denkmal für die ermordeten Juden Europas. Посетено на 2019-03-15.[мртва врска]
  2. „Rostov on Don“. The Untold Stories: The Murder Sites of the Jews in the Occupied Territories of the former USSR. Jerusalem, Israel: Yad Vashem. The World Holocaust Remembrance Center. Посетено на 15 March 2019.
  3. Colls, Caroline Sturdy. Holocaust Archaeologies: Approaches and Future Directions (англиски). Springer. ISBN 978-3-319-10641-0.
  4. „Sabina Spielrein: A Forgotten Pioneer“. Psychology Today (англиски).
  5. „Rostov Jewish Community Calls For Survivors, Children to Remember Zmievskaya Balka“.