Златни наночестички

Златни наночестички (колоидно злато) — суспензија на субмикрометарски честички од злато во раствор - најчесто вода. Растворот кој содржи колоидно злато со големина помала од 100 nm многу често има црвеникава боја која може лесно да се промени со промена на големината на честичките.

Воден раствор на златни наночестички. Брановата должина на апсорбираната и емитуваната светлина е во зависност со големината на наночестичката. Наночестичките се движат со големина од 25 nm до околку 100 nm.

Синтезата за златни наночестички била позната кај античката египетска и кинеска цивилизација. Синтетизираните наночестички со векови наоѓале примена во обојувањето на стаколо. Како и да е модерната наука имала мало нивно познавање сè до првите испитувања од Михаел Фарадеј во средината на XIX век.

Денеска истражувањата на златните наночестички се во подем. Различни истражувачки групи во изминатава декада успеале да ја манипулираат формата на овие честички, со цел да добијат нови својства кои се практично недостапни со традиционалните сферични честички. Групата на Ел-Сајед од Државниот Универзитет во Џорџија (САД) ги создаде првите златни прачкени наночестички (златни нанопрачки). Останати групи кои истражуваат на ова поле веќе имаат синтетизирано различни форми од златни наночестички како на пример: златни нанокафези, златни нанокоцки, златни наноѕвезди, значителни слојни наночестички итн.

Златните наночестички се од истражувачеки интерес бидејќи имаат афинитет за врзување со EFG-рецепторот кој е изразен на клетките заболени од рак. Овој феномен дозволува полесна детекција на заболените ткивата и клетките, како и придонесува и за нивно полесно уништување при ласерски третман.