Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Златко Кесковски -Кецко е роден во Охрид во 1970 година. Во родниот град завршува основно и средно образование. Дипломирал на Техничкиот Факултет при Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола. Откако се здобил со магистерска и докторска титула по кризен менаџмент, Кесковски бил на различни раководни позиции во областа на безбедноста, како во приватниот така и во јавниот сектор. Во 2007 година станува професор на Факултетот за детективи и безбедност на Универзитетот ФОН во Скопје. За време на академската кариера Кесковски бил ментор на десетици студенти на последипломски студии од областа на безбедноста.

Златко Кесковски е поранешен светски карате шампион во 2005 година на светски куп одржан во Италија[1]. Тој е и поранешен повеќекратен македонски и југословенски шампион во Карате и Кендо со освоени повеќе од 200 медали во разични боречки вештини од кои 70 медали се освоени на меѓународно ниво. Златко Кесковски е основач на македонската кендо федерација[2] во 2006 година и на македонската џиу-џицу федерација во 2005 година. Од 2003 година е единствениот македонски и регионален лиценциран карате инструктор за лица со попреченост. Во 2006 година Кесковски бил член на Македонскиот Олимписки Комитет.

Во 2013 година, Кесковски ја добил државната награда 8ми Септември[3], највисоко државно одличје од областа на спортот. Во периодот од 1993 до 1998 е прогласуван за најдобар спортист на општина Охрид, а во 2008 година од Сојузот на спортови на Град Скопје добил награда за животно дело[4]. Добитник е на највисоката награда на Охрид: Свети Климент-Заштитник на Охрид. Од 2003 до 2010 година бил инструктор по боречки вештини за деца со попреченост и за деца без родители во Скопје.

Златко Кесковски е македонски стопанственик, основач и генерален директор на НЈСК Холдингс од Скопје. Кесковски учествува во развојот на компанијата уште од самото нејзино основање.

  1. „Camp. Mondo Karate - Open di Viareggio“.
  2. „Македонска кендо федерација“.
  3. „Доделени државните награди „8-ми септември" во областа на спортот 2013“. Архивирано од изворникот на 2021-07-02. Посетено на 2021-06-24.
  4. „Награда за животно дело Сојуз на спортови на Град Скопје“. Архивирано од изворникот на 2021-04-13. Посетено на 2021-06-24.