Зејна Муркиќ

(Пренасочено од Зејна (пејачка))

Зејна Муркиќ (родена на 28 декември 1986 година), позната како Зејна, е српска пејачка. Таа била член на поп-бендот Луна од 2009 до 2010 година, по што продолжила со својата кариера како самостојна пејачка.

Раниот живот

уреди

Со ромско потекло,[1][2] Зејна Муркиќ е родена на 28 декември 1986 година, во Лозница. Уште од нејзино рано детство она се занимавала со пеење и танцување, а првите настапи ги имала на само 10 години. На 16 години почнала професионално да пее и да настапува низ Србија и во странство.[3]

Кариера

уреди

Зејна ја започнала својата кариера во натпреварот Операција тријумф, од кој брзо се откажала, но веднаш по оваа ТВ програма добила покана од Чеда Чворак, основачот на групата Луна.[1]Од 2009 до 2010 година, таа беше член на Луна, со која снимила два албума, „Да сан не престаје“ и Секс на плажа. Како главен вокал во групата, таа ги испеала некои од најзабележителните нумери на овие албуми, како „Паника“, „Вриштим у себи“, „Клела бих“ и „Ало, ало“.

На крајот на 2010 година, Зејна ја напуштила групата и решила да се посвети на својата самојстојна кариера. Во јуни 2011 година, таа го издала својот прв сингл на англиски јазик насловен „Tonight“ во соработка со Ди Монк . Истата година го објавила и својот прв соло сингл на српски јазик наречен „Најбоља“, кој сама го компонирала и напишала. Во 2012 година го објавила синглот „Драма“, кој го отпеала заедно со Слаѓа Делибашиќ и раперот Ша. Истата година учествувала на фестивалот Врњачка бања, каде ја освоила наградата од страна на жирито на весниците. Во меѓувреме, таа почнала да пишува песни за други уметници, а исто така пее придружни вокали. Во 2013 година, таа го издала синглот „Абсинт“.

Зејна ја пее песната „Рушка“ во сцената на филмот „Тома “ (2021) како и ромската песна „Јаг“.[4][5]

Песна за Евровизија

уреди

Зејна учествувала на Песна за Евровизија '22 со песната „Нема те“ и се пласирала во финалето на овој натпревар.[6] Мелодијата ја напишал Владимир Мараш, а текстот Сања Периќ.[4] Аца Софронијевиќ свирел на хармоника.[7] Во 2023 година, таа учествувала на Песна за Евровизија '23 со песната „Румба“, со која завршила на седмото место во финалето, а првично „Румба“ била направена за мјузикл.[1]

На 21 декември 2023 година, Зејна беше прогласена меѓу учесниците на Песна за Евровизија '24 со песната „Најболја“.[8] Со песната се пласирала до финалето.[9]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 "U KRVI NOSIM SRPSKU ENERGIJU!" Zejna multikulturalnom porukom krči put za Liverpul - Nisam za trend, već za brend“. www.sd.rs (српски). 2023-02-12. Посетено на 2023-02-27.
  2. „Zejna Murkić“. Discogs. Посетено на 25 January 2018.
  3. „Zejna“. Facebook.
  4. 4,0 4,1 „НА „ПЕСМИ ЗА ЕВРОВИЗИЈУ 22" – Зејна задовољна уласком у финале – Lozničke novosti“ (англиски). Посетено на 2022-03-07.
  5. „Učesnica na "Pesmi za Evroviziju" pevala je u najemotivnijoj sceni filma "Toma". NOVA portal (српски). 2022-03-21. Посетено на 2023-01-11.
  6. Шаботић, Анела (2022-03-01). „ДАН - (ВИДЕО) Зејна Муркић пјесму "Нема те" отпјевала срцем“. www.dan.co.me. Посетено на 2022-03-04.
  7. „Najvažnije je da imamo dobru pjesmu“. vijesti.me (српски). Посетено на 2022-03-07.
  8. „Serbia: 'Pesma za Evroviziju' details announced!“. Eurovision.tv. European Broadcasting Union. December 21, 2023. Посетено на December 21, 2023.
  9. Marín, Marc (1 March 2024). „Pesma za Evroviziju '24: seleccionados los 8 finalistas de la preselección serbia“ [Pesma za Evroviziju '24: the eight finalists of the Serbian preselection have been selected]. ESCplus España (шпански). Посетено на 1 March 2024.