Земјотрес и цунами во Тохоку 2011

Земјотресот од 2011 г. во близина на тихоокеанскиот брег на регионот Тохоку (јапонски: 东北 地方 太平洋 冲 地震 (Tōhoku chihō Taiheiyō oki jishin)), исто така познат како Земјотресот во Тохоку 2011, или Големиот земјотрес во источна Јапонија, (јапонски: „Големата катастрофа од земјотресот во источна Јапонија“ (东 日本 大 震灾 Higashi Nihon Daishinsai)) беше подморски текстонски земјотрес со јачина од 9,0 степени во близина на брегот на Јапонија. Се случи во 14:46 ЈСВ (05:46 КУВ) во петок, на 11 март 2011 г., со епицентар околу 70 км источно од Полуостровот Ошика на Тохоку и хипоцентар на подводна длабочина од околу 32 км. Тоа беше најсилниот познат земјотрес што некогаш ја погодил Јапонија, и еден од петте најсилни земјотреси во светот, откако започна современото водење евиденција во 1900 г. Земјотресот предизвика моќно цунами со бранови кои достигнаа височина до 40,5m во градот Мијако, во префектурата Ивате во Тохоку, а во околината на Сендаи стигнаа до 10 км на копното. Земјотресот го помести Хоншу за 2,4m на исток и се проценува дека ја помери Земјата околу својата оска меѓу 10 и 25 см.

Земјотресот и цунамито во Тохоку 2011
東日本大震災
An aerial view of damage of the tsunami in Tōhoku
Птичја перспектива од штетата во регионот Тохоку со црн чад кој излегува од нафтената рафинерија на Нипон Оил во Сендаи
Локациите со највисоки бранови цунами, црвеното ги покажува најкритичните локации
Датум {{{date}}}
Магнитуда {{{magnitude}}}
Зафатени земји/подрачја {{{countries affected}}}
НПЗ 3.0 g

Цунамито предизвика голем број на јадрени несреќи, пред сè топење во три реактори во никлеарната централа „Фукушима 1“ кое сè уште трае, поради што мораше да се евакуираат околните подрачја што влијаеше врз стотици илјади жители. Многу електрични генератори беа извадени, а имаше есплозии во најмалку три јадрени реактори поради водороден гас што се собирал во нивните надворешни објекти за задржување откако системот за ладење откажа. Жителите во полупречник од 20 км на атомската централа „Фукушима 1“ и полупречник од 10 км „Фукушима 2“ се евакуирани. Сепак, САД препорача евакуација на своите граѓани до 80 км од централата.

Национална полициска агенција на Јапонија потврди 15.844 смртни случаи, 5890 повредени и 3451 исчезнати лица во осумнаесет префектури, како и над 125.000 оштетени или уништени згради. Земјотресот и цунамито предизвикаа обемно и тешко структурно оштетување во Јапонија, вклучувајќи тешки оштетувања на патишта и железници, како и пожари во многу области и уништување на брани. Јапонскиот премиер Наото Кан изјави; „Во 65 години по крајот на Втората светска војна, ова е најтешката и најстрашната криза во Јапонија“. Околу 4,4 милиони домаќинства во североисточниот дел на Јапонија останаа без електрична енергија и 1,5 милиони без вода.

Според проценки на почетокот, осигурените загуби само од земјотресот се 14,5 до 34,6 милијарди долари. Банката на Јапонија даде 15 билиони јени (183 милијарди долари) на банкарскиот систем на 14 март, во обид да се нормализираат условите на пазарот. Светската банка проценува дека економската штета изнесува 235 милијарди долари, што значи ова е најскапата природна катастрофа во историјата на светот.