Здружение на бизнис жени (Македонија)

здружение во Македонија

Здружението на бизнис жениздружение во Македонија. Здружението било основано на 26 јули 2010 година во Скопје. Здружението на бизнис жени е специфичен и компетентен партнер во дијалогот со Владата, невладините организации, и приватниот сектор, кој придонесува за социјалниот и економскиот развој, ставајќи посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст. Здружението игра водечка улога во организирањето на дијалогот и соработката помеѓу бизнис жените, со цел да се поддржат и да се промовираат женските претприемачи во Македонија и во регионот.

Здружение на бизнис жени
Логото на здружението
КратенкаЗБЖ
Основана2010
ПретседателВалентина Дисоска
Проектен раководителЕлена Блажевска

Историјат

уреди

Здружението на бизнис жени било официјално основано во јули 2010 година како невладина организација која активно работи на унапредување и зајакнување на женското претприемништво во земјата и во регионот.

Како краен резултат на препознавање и унапредување на активностите на здружението, била создадена Национална стратегија за женското претприемништво во Република Македонија, изработена во соработка со Министерството за економија на Република Македонија,[1] донесена од Владата во декември 2018 година.

Активности

уреди

Градење на капацитет на невладин сектор за јакнење и застапување на жеското претприемништво.[2] Здружението активно работи на консултантсво, менторство и едукација за развој на претприемништвото кај жените.[3] здружението е основач на Националната платформа за женско претприемништво.[4]

Визија

уреди

Женското претприемништво како посебна гранка за економски развој во приватниот сектор како и во државните институции и здруженија, не е јасно претпознатливо. Здружението на бизнис жени – Македонија со текот на времето, преку многу активности придонесува женското претприемништво да биде признаено како посебен ентитет за зајакнување на економијата во земјата.

Наводи

уреди
  1. „Стратегија за развој на женско претприемништво во Република Македонија, 2019 - 2023“. Министерство за економија. 12 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 4 јуни 2021.
  2. „За Советот“. wecontribute.mk. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 6 јуни 2021.
  3. „Главна страница“. wemake.mk. Посетено на 4 јуни 2021.
  4. „Шахпаска: Развојот на женското претприемништво и надминувањето на стереотипите носат напредок на целото општество“. 24info.mk преку web.archive.org. 21 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 4 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди