Здравецов синец
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Eumedonia
Вид: E. eumedon
Научен назив
Eumedonia eumedon
(Esper, 1780)
Синоними
  • Papilio eumedon Esper, 1780
  • Aricia eumedon
  • Plebejus eumedon

Здравецов синец (Eumedonia eumedon) е пеперутка од видот на пеперутки синци.[1] Пеперугата ја има и во Македонија.

Опис

уреди

Распонот на крилјата е од 26 до 30 мм. Возрасните единки летаат од мај до август, во зависност од локацијата. Ларвите се хранат со растенијата Geranium и Erodium. Горната страна на крилјата на пеперутката е со темнокафена боја на врвовите на крилјата која постепено се прелива кон темносина сјајна боја. Кон дното на крилјата има портокалови дамки. Рабовите на крилјата се во бела боја. Телото е темнокафено кон црно, а антените црни и бели. Долната страна на крилјата е во светлокафена боја која во основата се прелива кон синкасто-сребрена боја. Телото е во истата боја на долната страна. На крилјата има дамки во црни, бели и жолти дамки со различна форма и големина.[2]

Наводи

уреди
  1. Talavera, Gerard; Lukhtanov, Vladimir A.; Pierce, Naomi E.; Vila, Roger (10 September 2012). „Establishing criteria for higher-level classification using molecular data: the systematics of Polyommatus blue butterflies (Lepidoptera, Lycaenidae)“. Cladistics. 29 (2): 166–192. CiteSeerX 10.1.1.709.5141. doi:10.1111/j.1096-0031.2012.00421.x. S2CID 51822988.
  2. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди