Зграда на Општина Гевгелија
зграда во градот Гевгелија, Македонија
Зграда на Општина Гевгелија — стара административна зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Зграда на Општина Гевгелија | |
---|---|
Поглед на зградата (2014 г.) | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | зграда |
Адреса | Димитар Влахов бр. 4 |
Град | Гевгелија |
Земја | Македонија |
Завршена | 1936 |
Сопственик | Општина Гевгелија |
Технички податоци | |
Катови | 1 |
Местоположба
уредиЗградата се наоѓа во средишниот дел на градот Гевгелија, на улицата „Димитар Влахов“ бр. 4.[1]
Историја
уредиОбјектот е подигнат во 1936 година како општинска зграда што подоцна станала судница.[1]
Денес е седиште на Општина Гевгелија во кои се наоѓаат службените простории на општината.[1]
Архитектура
уредиНема изворни податоци за тоа кој е архитект на овој објект, иако претпоставка е дека се работело за некој белградски архитект.[1]
Објектот бил замислен како издигнато приземје со кат и подрумски простории.[1]
Галерија
уреди-
Општинско седиште
-
Општинското седиште од главната улица
-
Поглед кон зградата
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Зграда на Општина Гевгелија на Ризницата ?