Збогум (расказ на Мопасан)

„Збогум“ (француски: Adieu) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 18 март 1884 година.

Содржина

уреди

Двајца пријатели вечераат во кафеана во Париз, а едниот од нив, Анри Симон, се пожалува на брзото течење на времето и на староста. Тогаш, другиот човек, Пјер Карние, изјавува дека староста е лоша, но таа посилно ги погаѓа жените. Притоа, тој ја раскажува својата љубовна приказна: Пред 12 години, на морскиот брег запознал убава жена во која веднаш се заљубил. По три месеци, тој заминал во САД и никогаш повеќе не ја видел, но постојано мислел на неа. Минатата пролет, додека патувал со воз, во вагонот влегла дебела жена со своите ќерки. Таа го препознала и му се претставила како Јулија Лефевр, неговата голема љубов, а Пјер бил потресен од фактот дека нејзината убавина целосно изчезнала. Кога пристигнал дома, долго се гледал во огледалото и тогаш сфатил дека остарел.[1]

Наводи

уреди
  1. „Збогом“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 349-355.