Захарија Копистенски
Захарија Копистенски (починал на 21 март 1627) бил архимандрит на Киевската Печерска Лавра во Украина. Тој е најпознат по неговото полемичко дело Палинода, во кое го бранел источното православие против унијатите.[1] Ги превел и Хорологионот и делата на Јован Златоуст.
Копистенски студирал на Академијата Острох. За време на неговиот живот, Киев бил дел од Полско-литванскиот Комонвелт, а Копистенски бил дел од кругот на православни свештеници кои промовирале идеи за национално ослободување и културно самоодржување. Тој е веројатниот автор на Хустиновата хроника, која ја следи историјата на Украина до 1598 година[2] Тој го наследил Јелисеј Пленетски како архимандрит во 1624 година.
Копистенски повторно го открил Хипатскиот кодекс во 1617 година и го однел во Киев за да го копираат монасите.
Наводи
уреди- ↑ Zhukovsky, Arkadii. „Kopystensky, Zakhariia“. Internet Encyclopedia of Ukraine. Canadian Institute of Ukrainian Studies. Посетено на 24 February 2022.
- ↑ Velychenko, Stephen (1992). National History as Cultural Process: A Survey of the Interpretations of Ukraine's Past in Polish, Russian, and Ukrainian Historical Writing from the Earliest Times to 1914. CIUS Press. стр. 144. Посетено на 24 February 2022.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Елисеј Плетенески |
Архимандрит од Киев Печерска Лавра 1624–1627 |
Наследник Петро Мохила |