Занесеноста на Лол В. Стајн
„Занесеноста на Лол В. Стеин“ (француски: Le Ravissement de Lol V. Stein) — роман на француската писателка Маргерит Дирас од 1964 година.
Содржина
уредиОСврт кон делото
уредиВо својот текст „Црниот блок“, Дирас пишува дека „Занесеноста на Лол В. Стеин“ е посебна книга, која врши поделба на одделните читатели-творци кои ја прифатиле лудоста. Исто така, таа наведува дека сите женски ликови во нејзините романи произлегуваат од Лол В. Стеин.[1] Понатаму, во текстот „Сината боја на ешарпата“, таа објаснува дека ликот на Лол В. Стеин останува непознат и за неа — определени гестови и смелости на Лол во текот на забавата која ја приредува таа.[2]