Залив Парну
Заливот Парну е залив во североисточниот дел на Ливонскиот Залив (Ришки Залив), во јужна Естонија.
Залив Парну | |
---|---|
Координати | 58°18′00″N 24°24′00″E / 58.30000° СГШ; 24.40000° ИГД |
Речни извори | Парну |
Океански/морски извори | Ришкиот Залив, Балтичко Море |
Географија
уредиИма површина од 411км2.[1] Максималната длабочина во устието на заливот е 12 м.[2] Бреговите се ниски, на некои места песочни. Соленоста на водата во заливот е 0-0,8 промили во пролет и до 5,5 промили во есен.
Во заливот се влеваат неколку реки, од кои најголема е реката Парну.
Заливот е исто така најважното крајбрежно риболовно подрачје на Естонија.[2]
Наводи
уреди- ↑ Pärnu River Basin Management Plan Retrieved May 8, 2015.
- ↑ 2,0 2,1 „Pärnu laht“. Eesti Entsüklopeedia (естонски). Архивирано од изворникот на 1 May 2018. Посетено на 8 May 2015.