Закон судниј људем
Закон судниј људем („Закон за судење на луѓето“) е најстар словенски правен писмен споменик.
Има повеќе теории за неговото авторство, време и место на создавање. Поради моравизмите во јазикот, одделни правни поставки, паричните единици како и византиската Еклога што се наоѓа во основата, со голема доза на сигурност може да се тврди дека е создаден во Моравија од св. Методиј пред 870 (кога Еклогата е заменета со Прохиронот) во врска со поставувањето на црковните и правните основи на новата црква, како дополнување на постојните законски прописи во врска со настанатите промени.