Заземање на Отоманската банка (1896)

Заземањето на отоманската банка претставува преземање на објектот на 26 август 1896 година од страна на членовите на ерменската револуционерна федерација во Цариград, Отоманско Царство. Во обид да се подигне уште свеста и акцијата од страна на големите европски сили, 28 вооружени мажи и жени доведени првенствено од страна Папкен Сиуни и Армен Каро ја зазеле банката на Отоманското Царство каде во голема мера вработените биле од Британија или Франција. Овој настан се должи на неактивноста на европските сили во однос на големите прогони и колежи од страна на султанот Абдул Хамид II. Во тоа врме банката била важен финансиски центар за империјата и за друѓи земји во Европа.

Заземање на отоманската банка

Отоманската банка во 1896 година
Датум 26 август 1896
Место Отоманска банка, Цариград, Отоманско Царство
Исход Биле убиени десет ерменски револуционери и неколку османлиски војници.
Следувал масакар и прогонување на околу 6,000 ерменски жители на Цариград.[1]
Завојувани страни
 Османлиско Царство Ерменска револуционерна организација
Команданти и водачи
Папкен Сиуни и Армен Каро
Сила
28

Вооружени со пиштоли, гранати, динамит и рачни бомби, опсадата на банката траела 14 часа која резултирала со убивање на дел од срменските револуционери. По крајот на заложничката драма во Цариград започнал прогон и убивање на ерменснкото население, чиј број достигнал околу 6,000 луѓе. Сепак по интервенцијата на европските дипломати империјата им дозволила безбедно заминување на преживеаните револуционери во Франција. И покрај нивното насилно заземање на банката, инцидентот бил позитивно прифатен кај европскиот печат славејќи ги луѓето за нивната храброст и целите кои се обиделе да ги постигнат.

Наводи

уреди
  1. Bloxham, Donald. The Great Game of Genocide. Imperialism, Nationalism, and The Destruction of The Ottoman Armenians. Oxford: Oxford University Press, 2005, p. 53. ISBN 0-19-927356-1