Жолтозелени алги
Жолтозелени алги | |
---|---|
Botydium granulatum | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Царство: | Хромалвеолати |
Колено: | Разнокамшични |
Класа: | Жолтозелени алги Allorge ex Fritsch |
Жолтозелените алги или ксантофити (науч. Xanthophyceae) се важна група на разнокамшични алги. Највеќето живеат во слатка вода, но некои се среќаваат и во морски и почвени живеалишта. Можат да бидат од едноклеточни камшикари до прости колонијални и кончести облици. Нивните хлоропласти ги содржат фотосинтетичките пигменти хлорофил а, хлорофил ц, β-каротин и каротиноидот дијадиноксантин.[1] За разлика од останатите разнокамшични организми, хлоропластите на жолтозелените алги не содржат фукоксантин, поради што се посветли по боја. Полисахаридот што го складираат е хризоламинарин.[1] Клеточните ѕидови им се создаваат од целулоза и хемицелулоза.[1] Се смета дека се во најблиско сродство со кафеавите алги.
Редови
уредиЖолтозелените алги можат да се поделат на следниве 4 реда:
- ред Botrydiales
- ред Mischococcales
- ред Tribonematales Pascher
- ред Vaucheriales Nägeli ex Bohlin [2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Stace, Clive A. Plant Taxonomy and Biosystematics. Cambridge University Press, 1991. ISBN 978-0-521-42785-2.
- ↑ Christensen, T. 1987. Seaweeds of the British Isles. Voilume 4 Tribophyceae (Xanthophyceae). British Museum (Natural History), London ISBN 0-565-00980-X