Жичница на замокот Буда
Жичница на замокот Буда или Будавари Сикло — жичница во градот Будимпешта, Унгарија. Ги поврзува плоштадот Адам Кларк и Сечењиевиот ланчен мост на ниво на реката со замокот Буда погоре.
Жичница на замокот Буда | |
---|---|
Жичницата во Будимпешта, со кабината БС1 „Маргит“ во преден план и Сечењиевиот ланчен мост во позадина | |
Преглед | |
Состојба | во употреба |
Место | Будимпешта |
Координати | 47°29′52.01″N 19°2′21.44″E / 47.4977806° СГШ; 19.0392889° ИГД |
Опслужување | |
Вид | Жичница |
Превозник/ци | BKV (Транспортно претпријатие Будимпешта) |
Историја | |
Пуштена | 1870 |
Технички | |
Пруги | Двоен колосек |
Колосек | 1.435 мм (4 ст 8 1⁄2 in) нормален колосек |
Најг. наклон | 31.75° |
Линијата е отворена на 2 март 1870 година, а е во општинска сопственост од 1920 година. Уништена е во Втората светска војна и повторно отворена на 4 јуни 1986 година. Одлика на линијата се двата пешачки моста што минуваат над неа . Тие биле присутни кога се отворила линијата, биле отстранети во 1900 година кога градината на замокот била проширена и повторно изградени според оригиналниот дизајн во 1983 година.[1]
Историја
уредиИзградбата на линијата започнала во јули 1868 година, првото пробно возење било на 23 октомври 1869 година. Сикло работи за јавноста од 2 март 1870 година. Оваа жичница била втора во Европа, само Лион имал сличен транспортен систем во тоа време.
За време на Втората светска војна кабините и терминалите биле уништени со гранатирање.
Остатоците од жичницата потоа биле демонтирани. Подоцна се размислувало за замена со ескалатори. Реконструкцијата на жичницата била решена во 1965 година и биле направени повеќе планови, но градежните работи задоцниле. Во 1975 година бил пуштен во употреба мидибус помеѓу двата терминали (линија „V“).
Технички параметри
уредиЛинијата ги има следните технички параметри:[1][2]
- Должина: 95 метри
- Висина: 51 метри
- Градиент: 31,75°
- Кабини: 2
- Капацитет: 24 патници по кабина
- Конфигурација: Двоен колосек
- Максимална брзина: 1,5 метри во секунда
- Ширина на колосек: 1.435 mm стандарден колосек
- Влечење: електрична енергија
- Време на патување: 1 1/2 минути
Линијата е управувана од BKV (Транспортно претпријатие Будимпешта) и работи од 07.30 до 22.00 секој ден.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Budapest“. web.archive.org. 2018-10-23. Архивирано од изворникот на 2018-10-23. Посетено на 2022-04-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Funiculars.net - Budavári Sikló, Budapest (HU)“. www.funiculars.net. Посетено на 2022-04-26.