Житан
Житан (фр. Gitanes) е најпопуларната марка на француски цигари. Моментално е во сопственост на Алтадис. Се прави од темен тутун, или bruns, за разлика од американските 'blondes'. Се продава во варијанти со и без филтер. Името Gitanes значи „циганки“, и затоа на пакувањето има силуета на циганка со дајре. Неодамна овие цигари престанале да се произведуваат во Франција, и така останува само една фабрика во Холандија. Ова главно се должи на здравствените регулации во Франција, со што цената на домашните цигари се порамнила со цената на американските цигари, кои затоа сега се повеќе купувани[1],[2].