Животот е наш
„Животот е наш“ (српскохрватски: Живот је наш) – филм на режисерот Густав Гаврин од 1948 година. Главните улоги ги играат: Бахрија Хаџи-Османовиќ, Борислав Гвојиќ, Бранко Микоњиќ и Јован Антонијевиќ.[1]
Синопсис
уредиНепосредно по завршувањето на војната, работејќи на пробивањето на тунелот при изградбата на младинската пруга, Милан е ранет. Тешкотиите при работата на тунелот се големи, но сепак тој е завршен на време, а голема заслуга за тоа има и Милан кој, иако не е целосно излечен, бега од болницата за да помогне во работата.