Животот е масовна појава
„Животот е масовна појава“ (српскохрватски: Живот је масовна појава) — филм на режисерот Мирза Идризовиќ од 1970 година. Главните улоги ги играат: Борис Дворник, Драгомир Чумиќ и Павле Вуисиќ.[1]
Синопсис
уредиАдио и Остоја се двајца пријатели кои фантазираат за подобар живот и за бегство од монотониот живот во туѓина, но нивните желби не се остваруваат: Адио си заминува и скита од место во место, а Остоја, наспроти големата желба за патување, останува. Всушност, од психолошка гледна точка, двајцата претставуваат еден човек, и тоа еден лажго кој свесно живее во заблуда, зашто му се чини дека стварниот живот е помалку привлечен без таа заблуда. Исто како и животот, филмот е исполнет со весели и со тажни настани, големи пресврти, големи лудувања итн...