Женскиот здив низ стих во хронологијата на Штип
Женскиот здив низ стих во хронологијата на Штип ― зборник на поетеси од Штип, издаден во 2020 година.
Земја | Македонија |
---|---|
Јазик | македонски |
Жанр | поезија |
Издавач | НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип |
Издадена | 2020 |
Страници | 206 |
ISBN | 9786082421025 |
Идејата за овој зборник била да се создаде една заедничка стихозбирка од поетски творби, излеани преку дел од лирски субјекти на поетески од Штип потекнувајќи од 2016 година. Таа година бил распишан Јавен повик до жените - поетеси од Штип.[1]
Првично, било знамислено да се направи антологија, но поради дилема за поимот „антологија“, антологија значи збирка на повеќе дела од различни автори , но според два - тројца културни автори се сметало дека не треба да биде антологија. Поради тоа се користи „зборник“. Идејата за реализација на еден ваков Зборник на поетеси од Штип е наменет поради дополнителна афирмација на македонското женско писмо.
Содржина
уредиМакедонското женско писмо не е постаро од пет децении. Ако направиме ретроспектива на македонската книжевност низ вековите и текот на стилските формации, ќе констатираме дека етабилираните авторки стапуваат на сцена многу подоцна. Интензитетот со кој се афирмираат е надежен и оди во подобра насока. Македонскиот среден век се одликува со творци кои творат во манастири. Во 19 век е периодот на Новата македонската книжевност што се одликува со поети, собирачи на народни умотворби, творештва кои најчесто го вршеле мажите. Поради тогашното патријахално опшество. Во третата македонска поетска генерација се јавуваат првите македонски поетеси. Поезијата на жените во Штип датира одамна, но за прв пат публикувана во поедични, лични стихозбирки било во 20 век.[2]
Според архивските податоци на штипската гимназија во учебната 1939/40 во управата на „Напредок“ се споменува и Стојка Тасева. Продолжувајки ја литературната уметничка традиција во градот под Исарот, по ослободувањето во 1947 година, по инијацитива на СКОЈ бил формиран Градски литературен клуб „Искра“.[3]
Наводи
уреди- ↑ Женскиот здив низ стих во хронологијата на Штип. Штип: НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип. 2020. стр. 5-11. ISBN 978-608-242-102-5.
- ↑ Женскиот здив низ стих во хронологијата на Штип. Штип: НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип. 2020. стр. 8-9. ISBN 978-608-242-102-5.
- ↑ Женскиот здив низ стих во хронологијата на Штип. Штип: НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип. 2020. стр. 10,11. ISBN 978-608-242-102-5.