Жена шета во градина

слика на Винсент ван Гог

Жена шета во градина била насликана од Винсент ван Гог во 1887 година.[1] Како што означува насловот, тоа претставува жена како шета низ една градина. Зеленилото е насекаде и во позадина може да се видат бројни дрвја.

Жена како се шета во градина (F368)
Творец Винсент ван Гог
Година 1887
Место приватна збирка

Во 1886 година ван Гог ја напуштил Холандија за Париз и никогаш повеќе не се вратил. Неговиот брат Тео, успешен париски провавач на уметност, му обезбедил на Ван Гог поддршка и врски за пристапување во современата уметност. За две години, од 1886 до 1888 година, ван Гог се појави како софистициран, внимателен и провоцирачки уметник.[2]

Во текот на 1886 година, Ван Гог бил запознаен со импресионистичките уметници и нивните дела, како што се Едгар Дега, Клод Моне, Огист Реноар, Жорж Сера и Пол Сињак.[3] Во 1887 година ван Гог продолжил да остварува важни врски со други уметници со кои се спријателувал и разменувал слики, како Луис Анкетен, Емил Бернар, Арман Гиљаумин, Лисјен Писаро и Пол Сињак. Откако бил воведен во импресионизмот и поантилизмот во Париз, ван Гог започнал да експериментира со сродни техники.[4]

Ван Гог исто така искористил комплементарни бои за да овозможи создавање живописни контрасти кои се подобруваат едни со други кога ќе се стават заедно.[5]

Наводи

уреди
  1. „A Woman Walking in a Garden“. Van Gogh Paintings. Van Gogh Gallery. 2011. Посетено на 27 октомври 2020.
  2. Wallace, R (1969). The World of Van Gogh (1853-1890). Alexandria, VA, USA: Time-Life Books. стр. 40, 69.
  3. Hansen, Nichols; Sund, Knudsen; Bremen (2003). Van Gogh: Fields. Hatje Cantz Publishers for Toledo Museum of Art Exhibition. стр. 10. ISBN 3-7757-1131-7.
  4. „Bridges Across the Seine at Asnières, 1887“. Collection. Foundation E.G. Bührle. Посетено на 2011-04-30.
  5. Fell, D (2005) [2004]. Van Gogh's Women: Vincent's Love Affairs and Journey Into Madness. New York: Carroll & Graf Publishers. стр. 64. ISBN 0-7867-1655-X.