Железничка станица Хапсалу

Железничка станица Хапсалу е историска зграда која служела како главна железничка станица во приморскиот туристички град Хапсалу, кој се наоѓа на западниот брег на Естонија.

Ова е слика од објект на културното наследство на Естонија на Железничката станица Хапсалу
Железничката станица Хапсалу

Изградбата на дрвената станица започнала во мај 1904 година, со ограничена железничка услуга која започнала во декември 1904 година. Железничката станица се состои од неколку згради: патнички терминал, павилјон за контрола на возови, покриена тераса и покриена платформа со должина од 216 метри.

Еднокатниот терминал е обложен со дрвени украсени столбови. Двокатната камена чекална има саат-кула на североисточната фасада. Внатрешноста на структурата има рељефни украсени тавани и подови направени од мали керамички плочки, сликите со поглед на морето биле насликани во 1950-тите.[1]

Зградата на станицата е дизајнирана од архитектот Карл Верхајм и инженерот В. Вестфален, а главната градба се одвивала во текот на 1905-1907 година. Редовните патнички возови ја користеле станицата до септември 1995 година а товарните возови до 2004 година. Од 2014 година, поголемиот дел од пругата е отстранет и поранешната железничка пруга се користи како велосипедска патека.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Europeana“. Choice Reviews Online. 47 (04): 47–1742-47-1742. 2009-12-01. doi:10.5860/choice.47-1742. ISSN 0009-4978.