ЖС „Камник место“ (Словенија)
Железничка станица Камник место — железничка станица во градот Камник, Словенија, која главно го опслужува стариот град.
ЖС „Камник место“ | |
---|---|
Општи информации | |
Место | Камник Општина Камник Словенија |
Сопственик | Словенечки железници |
Линии | Љубљана–Камник |
Перони | 1 |
Колосеци | 1 |
После станицата се наоѓа тунел, кој води до станицата Камник Грабен. Станицата била изградена помеѓу 1939 и 1940 година. Станицата била изградена поради доаѓањето на кнезот Павле Караѓорѓевиќ во Камник и понатаму во Камнишка Бистрица. Зградата на станицата била проектирана од архитектот Јоже Плечник и неговиот ученик Винко Гланц; Плечник придонел за финалните решенија за дизајнот на фасадата и покривот. За фасадата ја искористил својата карактеристична комбинација на тула и камен.[1]
Наводи
уреди- ↑ „ArcGIS Web Application“. geohub.gov.si. Посетено на 2024-01-27.