Дигитален паричник
Дигитален паричник, е-паричник или мобилен паричник — електронски уред, онлајн услуга или софтверска програма што овозможува една страна да врши електронски трансакции со друга страна. При трансакцијата, дигитални банкноти се разменуваат за стоки и услуги. Оваа финансиска алатка за остварување трансакции обезбедува погодност при плаќањата, каде што не е неопходно да се носат физички картички. Дигиталниот паричник складира информации за кредитни и готовински картички или банката безбедно ги складира информациите за плаќање и лозинките потребни за користење на картичките, по што плаќањата може безбедно и лесно да се вршат при купувањето, преку паметниот уред на кој се наоѓа паричникот.
Дигиталниот паричник најчесто се наоѓа во облик на апликација на паметен телефон, иако може да постои и во други облици, како лични сметачи, паметни часовници и други паметни уреди. Меѓутоа, мобилната апликација е убедливо најпопуларната верзија на дигиталниот паричник, поради неговата преносливост и флексибилност.
Технологија
уредиДигиталните паричници се апликации, направени да ги искористат можностите на мобилните уреди (најчесто) за подобрување на пристапот до финансиски производи и услуги. Во суштина, е-паричниците ја исклучува потребата од носење физички паричник со безбедно складирање на сите информации за плаќање на потрошувачите. Работењето на дигиталните паричници вклучува користење на безжичните можности на мобилните уреди за безбеден пренос на податоци за плаќање од уредот до точка приспособена да ги чита податоците преку сигнали.
Денес, технологиите што ги користат мобилните уреди со дигитални паричници се:
- QR кодови - матрици на кодови што содржат информации, скенирани со камерата на уредот и системот за скенирање паричник за да се започне плаќањето.
- Блиска комуникација (NFC) - Технологија што им овозможува на два паметни уреди да се поврзат и да пренесуваат информации преку електромагнетни сигнали, барајќи близина за поврзување.[1]
- Магнетна сигурносна трансмисија (MST) - Слична технологија што ја користат читачите на магнетни картички, генерирајќи шифрирано поле што продажното место може да го прочита за време на трансакцијата. (Samsung Pay)
Кога информациите за картичката зачувани во дигиталниот паричник се избираат за трансакција, тие се пренесуваат од уредот до терминалот на продажното место, поврзан со процесорите за плаќање. Потоа, преку процесори, портали и други страни вклучени во трансакциите со кредитни и готовински картички, плаќањето се насочува преку мрежите на картичките и банките за да се заврши трансакцијата.
Дигитален паричник за криптовалути
уредиСо оглед на вклучувањето на криптовалутите во финансискиот систем, осмислени се и картички кои овозможуваат плаќање со криптовалути. Дигитален паричник за криптовалути се користи за складирање на приватни податоци за криптовалути како биткоин.[2] Дигиталните паричници како Apple Pay и Google Pay овозможуваат додавање на Bitpay готовинска картичка, што ги претвора криптовалутите во долари (и други валути) по моменталната пазарна вредност за полесно купување и користење пари.
Видови дигитални паричници
уредиВеќе споменатите Apple Pay[3] и Google Pay се меѓу најчестите дигитални паричници, а покрај нив може да се споменат и:
Повеќето паричници се обидуваат да се разликуваат од конкуренцијата на различни начини. На пример, услугата за дигитален паричник на Google овозможува додавање на средства во паричникот преку телефон, а потоа средствата може да се потрошат во продавници или онлајн, каде што се прифаќаат плаќањата со паричник на Google Pay. На овој начин, корисниците се привлечени да ја користат апликацијата паричник поради едноставноста и брзината на користење.[4]
Ова е преглед на видовите дигитални паричници во однос на нивниот производител и ова се конкретни примери на паричници. Понатаму паричниците се делат на видови според спектарот на трансакции за кои се користат.
- Затворен паричник - Компанијата може да развие сопствен затворен паричник за своите корисници. Корисници на затворен паричник може да бидат вработени или корисници на производ/услуга што компанијата ги продава. Затворениот дигитален паричник содржи средства што се користат само за трансакции со издавачот на паричникот. Парите од откажување, враќање или рефундирање се чуваат исклучиво во овие паричници. Пример за затворен паричник е Amazon Pay.
- Полузатворен паричник - Овој вид дигитален паричник им овозможува на корисниците да вршат трансакции со одредени трговци и на одредени локации. Иако областа на покриеност на таквите паричници е ограничена, купувањето е поедноставено. За да се создадат такви паричници, трговците мора да склучат договори или договори со други компании за прифаќање плаќања преку мобилни паричници.
- Отворен паричник - Банките или институциите кои се партнери со банки издаваат отворени паричници. Корисниците со отворени паричници можат да ги користат за сите трансакции кои се дозволени за полузатворени паричници, со можност за подигање средства од банки и банкомати, како и за пренос на средства. [5]
Предности и недостатоци
уредиПредности од користењето дигитални паричници | Недостатоци на користењето на дигитални паричници |
---|---|
Ограничена изложеност на информации
|
Не се применува и прифаќа секаде
|
Елиминирање на потребата од носење физички картички и хартиени сметки
|
Зависи од Bluetooth или WiFi
|
Зголемен пристап до финансиски услуги
|
Ризик од кражба на идентитет или измама
|
Наводи
уреди- ↑ „Learn All About NFC Tags — A Beginner's Guide“. www.nomtek.com. Посетено на 2024-01-30. no-break space character во
|title=
во положба 27 (help) - ↑ „Cryptocurrency Wallet: What It Is, How It Works, Types, Security“. Investopedia (англиски). Посетено на 2024-01-30.
- ↑ „Apple Pay“. Apple (англиски). Посетено на 2024-01-23.
- ↑ „What Is a Digital Wallet?“. Investopedia (англиски). Посетено на 2024-01-30.
- ↑ „Digital Wallet“. Corporate Finance Institute (англиски). Посетено на 2024-01-23.