Естонскиот национален музеј
Естонскиот национален музеј е збирка на етнографски, културни артефакти и предмети од народна уметност од локалната култура. Се наоѓа во градот Тарту, Естонија. Основан e во 1909 година. Тоа е музеј посветен на фолклорното наследство на Јакоб Хрт, естонската етнографија и народната уметност. Првите примероци за музејот се собрани во втората половина на 19 век.[1]
Тип | Главната зграда на Естонскиот национален музеј |
---|
Музејот ја следи историјата, животот и традициите на естонските и другите угрофински народи, како и на националните малцинства на Естонија. Постои комплетна колекција на традиционални естонски национални носии од сите региони. Колекцијата на врежани дрвени шолји за пиво ги илустрира традиционалните селски празници и викенди. Изложбата вклучува низа други ракотворби од рачно изработени теписи до ленени покривки за маса.[2]
Главната зграда на музејот била уништена во операцијата Тарту за време на Втората светска војна. Во 2005 година, Министерството за култура на Естонија и Унијата на естонски архитекти, заедно со музејот, објавиле конкурс за создавање на нова зграда за Естонскиот национален музеј.[3] Победник бил проектот на Меѓународната асоцијација на архитекти со делото Field of Memory.[4] Отворањето на новата музејска зграда се одржало во 2016 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ Раун, Тойво. Эстония и эстонцы (неопр.). — Hoover Press, 2001. — С. 92. — ISBN 9780817928520.
- ↑ Боусфилд, Джонатан. Прибалтийские страны (неопр.). — Rough Guides[англ.], 2001. — С. 385. — ISBN 9781858288406.
- ↑ „Новое здание Эстонского национального музея“. 2005-07-24. Архивирано од изворникот на 2009-07-17. Посетено на 2010-06-20.
- ↑ „Международная ассоциация предлагает формулу выигрыша“. 2006-01-27. Архивирано од изворникот на 2012-02-10. Посетено на 2010-06-20.
- ↑ „A New Mega-Venue Opens in Tartu, Estonia“. web.archive.org. 2016-10-12. Архивирано од изворникот на 2016-10-12. Посетено на 2022-08-12.