Еспецифисмо е една од двете главни форми на анархистички активизам спроведувана од Федерацијата на анархисти од Рио, другата е Социјално вметнување. Еспецифисмо се појави во втората половина од минатиот век, како резултат од анархистичките искуства во Јужна Америка, започнувајќи со Федерацијата на анархисти од Уругвај, која беше основана во 1956 од страна на анархисти што сметале дека има потреба од организација што ќе биде конкретно анархистичка.

Еспецифисмо може да се сведе на следните точки:

  • Потреба од конкретно анархистичка организација околу која ќе се гради единството на идеите и практиката.
  • Употреба на конкретната анархистичка организација за теоретизирање и развој на стратегиска, политичка и организациска работа.
  • Активно учество во градењето на автономни и популарни социјални движења преку социјално вметнување.

Еспецифисмо поради својата сличност со платформизмот, се смета за нова форма на платформизмот.

Поврзано

уреди