Есен (слика)
Есен – слика од Димитар Пандилов. Сликата е масло на платно, завршена во 1959 година со димензии 54 х 82 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.
Творец | Димитар Пандилов |
---|---|
Година | 1957 |
Димензии | 54 см × 82 см |
Место | Народен музеј - Битола, Битола |
Опис
уредиСликата „Есен“ е пејзаж во есен. Поточно е претставена алеја на дрвја и широк пат. Еден вид парк во есен. Дрвјата се богато и слободно насликани со есенски лисја. Детали нема, само боја и потези кои асоцираат на есенски ветер во лисјата на дрвјата. На левата страна на сликата насликана е темна фигура на маж слична на сенка – без лице или други детали. Облечен во дебели алишта, се движи споро и е дел од тагата и густината на есента. Од по страните има само навестување на некакви куќи – тоа е изведено со линии кои би требало да ни опишат прозорци. Покрај куќите се од двете страни – далечни фигури на – деца што си играат, минувачи. Сите се изведени како централната фигура – без детали и конкретност, сите се само како сенки. Целата слика е како сон без јасни линии и детали. Таа е без реални детали, повеќе е внатрешно чувство на авторот слично на некој неодреден сон или сеќавање на некоја далечна случка.[1]