Есенска хипархија

Есенска хипархија
Hipparchia statilinus. Male, side view
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Шаренци
Род: Hipparchia
Вид: H. statilinus
Научен назив
Hipparchia statilinus
Hufnagel, 1766 [2]
Hipparchia statilinus distribution
Синоними
  • Neohipparchia statilinus (Hufnagel, 1766)

Есенската хипархија е пеперутка од видот на пеперутки шаренци. Ја има и во Македонија.

Подвидови

уреди

Подвидови на пеперутката се:[3][4]

  • Hipparchia statilinus statilinus (Hufnagel, 1766)
  • Hipparchia statilinus sylvicola (Austaut, 1880)

Распространетост

уреди

Пеперутката може да се најде во Средна Европа, Јужна Европа, Северна Африка, Мала Азија и Кавказот.[1][4][5]

Опис

уреди

Пеперугата има распон на крилја од 60 до 68 мм.[6] Бојата на пеперутките варира, особено во поглед на нијансите на кафеавата боја. Најчесто долната страна е темнокафеава кај мажјаците, а малку посветла кај женките. Има бела бордура на краевите, а се забележуваат црни и бели точки. Долните страни се посветли и точките се поизразени.[7]

Често може да се најде како одмора на карпи со затворени крилја.[8] Возрасните единки летаат од јуни до октомври.[6]

Ларвите се хранат со различни видови на треви, како на пример Brachypodium phoenicoides, Brachypodium retusum, Bromus erectus, Bromus sterilis, Corynephorus canescens, Dactylis glomerata, Festuca ovina, Koeleria vallesiana, Lolium rigidum, Nardus stricta, Poa annua, Stipa gigantea, Stipa parviflora, Stipa pennata, Oryzopsis canadensis, Deschampsia cespitosa, Anisantha sterilis и Carex.[1][4][9]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Tennent, W.J. (2011). Hipparchia statilinus. Црвен список на загрозени видови. 2011: e.T160360A5364211. doi:10.2305/IUCN.UK.2011-2.RLTS.T160360A5364211.en. Посетено на 20 November 2021.
  2. Hufnagel, Johann Siegfried (1766). „Tabelle von den Tagevögeln der hiesigen Gegend, worauf denen Liebhabern der Insekten Beschaffenheit, Zeit, Ort und andere Umstände der Raupen und der daraus entstehenden Schmetterlinge bestimmt werden“. Berlinisches Magazin. 2 (1): 84–85.
  3. Biolib
  4. 4,0 4,1 4,2 "Hipparchia Fabricius, 1807" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
  5. Fauna europaea
  6. 6,0 6,1 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
  7. Kimmo Silvonen Larvae of North-European Lepidoptera Архивирано на 28 ноември 2021 г.
  8. Rowlings, Matt. „Neohipparchia statilinus“. euroButterflies. Посетено на 21 August 2016.
  9. Encyclopedia of life

Надворешни врски

уреди