Ерминија
Ерминија — прирачник во кој се претставувала самата техника на зографисувањето. Во Македонија позната е ерменијата на велешкото семејство Зографски, како и ерминиите на Дичо Зограф.
Досега во Македонија се регистрирани и се презентирани единаесет ерминии, со околу 4000 страници текст, коишто му припаѓаат на културно-книжевното наследство од XIX век. Првата ерминија од овој век е датирана во 1818 година, а последната е од 1900 година. Тука спаѓаат: Ерминија од Христе Хаџи Константнович од Прилеп (1818), Ерминија од Павел Стојанович, зограф од Галичник (1869), Ерминија - Зборник на семејството Зографски (1875-1885), Ерминија од Мојсо Крстов (1885), Ерминија на Ѓорѓи Доневич, од с. Гари (1888).[1]
Наводи
уреди- ↑ Андреевска, Јелена (2001). Македонските сликарски прирачници - Ерминии од XIX век. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Филозофски факултет - Скопје. стр. 67.
Надворешни врски
уреди- Петковска, Благица Ерминиите од XIX век — Културно јазично наследство на Македонија, 2013 г.[мртва врска]
Оваа статија од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |